More

    Израел и Хамас се речиси во 200-дневна војна по избивањето на конфликтот на 7 октомври минатата година

    spot_img

    Израел и Хамас се речиси во 200-дневна војна по избивањето на конфликтот на 7 октомври минатата година. Директорот на израелското воено разузнавање Ахарон Халива, денеска поднесе оставка на функцијата и ја презеде одговорноста за неуспесите што доведоа до нападот на Хамас.

    Ова се клучните 10 моменти во конфликтот меѓу Израел и Хамас кој се заканува да прерасне во голем регионален конфликт на Блискиот Исток:

    – Утрото на 7 октомври, на крајот на еврејскиот празник Сукот, стотици борци на Хамас се инфилтрираат во Израел од Појасот Газа по копно, море и воздух. Тие убиваат цивили на улиците, во нивните домови и на музички фестивал, а ги напаѓаат и војниците во армиските бази. Тие зедоа околу 250 заложници во Газа, а некои од нив повеќе не се живи.

    Израел вети дека ќе го уништи Хамас и почна да го бомбардира Појасот Газа.

    – На 13 октомври, Израел ги повикува цивилите во северниот дел на Појасот Газа да се преселат на југ во рок од 24 часа, прогласувајќи го северот, кој го вклучува и градот Газа, за воена зона.

    Стотици илјади Палестинци побегнаа во јужниот дел на Појасот Газа, додека цели области на север се срамнети со земја.

    – На 27 октомври почнаа копнена офанзива и израелските тенкови влегоа во Газа.

    – На 15 ноември, израелските трупи почнаа ноќен напад врз најголемата медицинска установа во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа. Израел тврди дека Хамас имал команден центар под болницата, што вооружената група го негира.

    Во двонеделната операција во март, Израел повторно ја нападна болницата Ал-Шифа.

    – На 24 ноември стапува во сила еднонеделното примирје помеѓу Израел и Хамас, што беше постигнато со посредство на Катар. За време на примирјето Хамас ослободи 80 израелски заложници во замена за 240 Палестинци од израелските затвори. 25 други заложници, главно тајландски работници, се ослободени надвор од договорот.

    За време на примирјето Израел дозволи поголема помош за Појасот Газа.

    Кога заврши примирјето, Израел ги прошири своите воени акции во јужниот дел на Газа.

    – На 12 јануари, САД и Велика Британија почнаа воздушни напади врз цели на бунтовниците Хути во Јемен откако тие неколку недели ги напаѓаа бродовите во Црвено Море во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

    – Во привремената одлука на 26 јануари за случајот што го иницира Јужна Африка, Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) оцени дека акциите на Израел би можеле да претставуваат геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

    ИЦЈ му нареди на Израел да направи сè за да спречи какви било акти на геноцид, но не нареди да се запре војната.

    – На 29 февруари, израелските сили отворија оган врз жителите во северниот дел на Појасот Газа кои ги чекаа камионите со храна. Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека 115 луѓе загинале, а стотици се повредени во израелскиот напад.

    – На 2 април, 7 хуманитарни работници од американската добротворна организација „Ворлд централ кичн“ (World Central Kitchen), од кои 6 странци, беа убиени во израелски напад во Појасот Газа.

    Израелската војска поради тоа отпушти двајца офицери, тврдејќи дека загинувањето на хуманитарните работници била „трагична грешка“, а израелскиот премиер Бенјамин испрати претставници на нови преговори за примирје во Каиро.

    – На 13 април Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили врз Израел, додека израелската армија тврди дека сите проектили биле пресретнати. Нападот беше преземен како одмазда за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск на 1 април. Тоа ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img