More

    Шоле и Ескобар ќе ни дојдат на гости после Нова година

    spot_img

    Амбасадата на САД во Скопје потврди дека добиле известување дека советникот во Стејт департментот, Дерек Шоле и делегацијата во која што требаше да биде и заменик-помошникот секретар во Стејт департментот и специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, ја одложиле посетата на Северна Македонија за после Нова година. Тие во Скопје требаше да допатуваат в среда.

    Нема објаснување зошто е одложена посетата.

    Според првичната најава, Шоле и Ескобар во Скопје требаше да разговараат со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

    Освен земјава, Шоле од 11 до 1 7 декември требаше да ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија.

    – Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот – наведуваат од Стејт департментот.

    Габриел Ескобар вчера беше на Косово, каде што го посети манастирот во Високо Дечани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img