More

    Шест можни сценарија за исходот од војната во Израел

    spot_img

    Израелските власти наведуваат дека нивната главна цел е уништување на Хамас, но многумина се прашуваат како имаат намера да го постигнат тоа и како всушност ќе заврши конфликтот меѓу Израел и Хамас. Како и кога ќе заврши овој конфликт зависи од низа фактори, постои реална опасност тој да се прошири и на други области. Во анализата објавена на Телеграф претставени се шест можни сценарија за исходот на конфликтот кој за неколку дена однесе илјадници животи.

    Уништувањето на Хамас и промена на власта
    Израел можеби има намера да изврши релативно краток напад за време на кој ќе ги елиминира сите членови на Хамас, по што веројатно ќе ги повлече своите сили релативно брзо. Воена победа над Хамас би значела смрт или заробување на 30.000 до 40.000 членови на Хамас и уништување на воената инфраструктура на милитантната група.

    Исто така, ќе биде потребна елиминација на елитната единица Нукба и убиство или заробување на целото политичко раководство на групата, иако целокупното политичко раководство на Хамас е со седиште во Катар. На врвот на „листата за убивање“ е Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Газа и Мохамед Деиф, неговиот воен командант.

    Ако израелскиот напад успее, Газа ќе има потреба од ново раководство кое би било под израелска контрола. Една од опциите е Палестинската управа (ПА), која е предводена од движењето Фатах и ​​управува со Западниот Брег. Тоа би го променило исходот од граѓанската војна во Газа во 2007 година, во која Фатах беше протеран по поразот на изборите од Хамас.

    Не е познато дали Махмуд Абас, претседателот на ПС, сака ваков исход.

    -Израел и САД сакаат палестинско раководство во Газа. Но, ПС не е толку силна ниту на Западниот Брег и веројатно би го изгубила легитимитетот во Газа – вели Џули Норман, експерт за Блискиот Исток на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

    Поделба на Газа
    Израел би можел да одлучи да ја прошири својата воена окупација на Западниот Брег до Газа, за што би наметнало потреба голем број војници да останат во Појасот. Таквата окупација би траела со години или потенцијално децении, а не со месеци и би значела поделба на Појасот Газа.

    Но, Исак Херцог, претседателот на Израел, го отфрли ова сценарио.

    -Немаме желба да ја окупираме Газа. Немаме желба да владееме со животите на повеќе од два милиони Палестинци – рече Херцог во интервју за Си-Ен-Ен објавено изминатиот викенд.

    И американскиот претседател Џо Бајден смета дека таквата опција би била голема грешка.

    Целосна окупација на Газа
    Од понеделникот, Израел нареди околу половина од два милиони жители на Газа да побегнат од север кон југ. Тоа интерно ги расселува во областа што ја дели граничната точка со Египет, преминот Рафах, преку кој би можеле да избегаат доколку египетските власти го отворат.

    Но, некои извештаи покажуваат дека тоа не е желба на сите Палестинци. Имено, многу од нив се плашат од втората Накба (Катастрофа), како што арапските Палестинци го нарекуваат основањето на Израел, кога 750.000 Палестинци побегнаа или беа протерани од своите домови. Палестинците се загрижени дека можеби нема да можат да се вратат ако привремено избегаат во соседниот египетски регион Синај.
    Дополнително, Египет засега не е склон да го отвори Рафах бидејќи тоа би значело „посвојување“ на стотици илјади палестински бегалци. Египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси очигледно се надева дека ќе го избегне тоа сценарио поради внатрешно-политички причини, но и поради административни и финансиски трошоци.

    Ел-Сиси веројатно е особено загрижен поради доаѓањето на членовите на Хамас кои би влегле во Египет под маската на егзодус на цивили. Иако неговата влада посредува меѓу Израел и Хамас, таа не е љубител на исламистичката идеологија на палестинската милитантна група.

    Неуспешна израелска офанзива
    Секоја битка со Хамас би била долга, тешка и скапа за Израел. Хамас има најмалку 30.000 добро вооружени и обучени борци кои би имале предност бидејќи бранат територија што многу добро ја познаваат.

    Огромното нарушување на безбедноста што им овозможи на стотици членови на Хамас да влезат во Израел, покрена сериозни прашања за компетентноста на израелските разузнавачки и воени водачи. Оние кои го преживеаја масакрот од страна на Хамас се пожалија на израелската војска, односно на тоа дека им било потребно долго време за да стигнат до нападнатите населби.

    Полковникот Рој Леви, еден од најпочитуваните команданти во израелските одбранбени сили, беше убиен во битка со терористите на Хамас, што покажува дека милитантите ја усовршиле својата обука и тактика. Со други зборови, Израел никогаш досега не се соочил со воен предизвик како овој.

    Ако офанзивата попушти и премногу израелски војници бидат убиени, Нетанјаху може да потклекне под притисокот и да одлучи да го сопре или да го ограничи опсегот на копнената офанзива, а потоа целосно да се посвети на преговорите за заложници.

    Избивање на регионален конфликт
    Иран и Хезболах се заканија дека ќе се приклучат на конфликтот во случај на израелска копнена инвазија на Појасот Газа. Хезболах има присуство и во Сирија, додека некои проирански претставници во Ирак исто така се заканија дека ќе го нападнат Израел. Бунтовничката фракција Хути во Јемен, за која се верува дека поседува ракети со среден дострел што би можеле да стигнат до Израел, исто така се смета за посредник на Иран.

    Ова создава ризик од, како што велат Израелците, војна на повеќе фронтови, за што предупредуваат со години. Може да се случи во исто време да ги нападнат ракетите од Ирак, Сирија, Либан и Јемен.

    Ова би можело да биде објаснување зошто Израел доцни со започнување на копнена инвазија. Војната со Иран и неговите посредници би била уште поскапа од војната со Хамас, особено затоа што Хезболах има многу помоќно оружје.

    -Многумина се јасно загрижени за можноста за регионална ескалација на конфликтот. Американската дипломатија ревносно соработуваше со арапските партнери оваа недела за да се обиде да го ограничи конфликтот. Најголемиот проблем е Иран и целосното активирање на Хезболах – посочува Џули Норман.

    Глобална војна
    Глобалната војна е најекстремното сценарио што сите разумни светски лидери сакаат да го избегнат. Ако Хезболах и Иран се приклучат на војната, САД ќе бидат под огромен притисок да извршат напади против двата ентитета. САД веќе испратија борбени авиони Ф-15 во Јордан и два носачи на авиони во регионот. Во иста ситуација би била и Велика Британија, којаисто така испрати бродови на Кралската морнарица во Средоземното Море.

    Ова создава ризик од директна американско-иранска војна. Во тој случај, заедничките напади на Израел и САД, најверојатно, ќе ја уништат иранската нуклеарна програма, со што би се разбил неговиот најмоќен инструмент за притисок врз Западот.

    Русија, важен сојузник на Иран, би можела да се приклучи на војната. Во последниве месеци, Иран стана главен снабдувач на беспилотни летала и ракети за Москва, како дел од сè потесниот воен сојуз. Ако дојде до тоа, тогаш светот навистина ќе биде погоден од уште една светска војна со големи размери – иако тоа е едно од најмалку веројатните сценарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img