More

    Хајредини ја коментира анализата на германскиот весник ФАЦ

    spot_img

    Ако сакаше да ја помогне борбата против корупцијата во Македонија, Европската Унија требаше да им забрани на Димитар Ковачевски и на Али Ахмети да го користат европското знаменце за амнестирање на сите поранешени и актуелни корумпирани високи државни функционери, меѓу кои и самите тие се наоѓаат.

    Ваква е реакцијата на поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини откако германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) посвети цела страница на Македонија и констатираше дека владината корупција во земјава се прикрива зад знамето на ЕУ.

    „Социјалдемократите и нивниот коалициски партнер, кој е поддржан од албанското население во земјата, се претставуваат ‘проевропски’ и наводно ја потчинуваат својата политика целосно на целта за членство во ЕУ. Ова се случи неодамна во септември, кога владиното мнозинство истурка законски измени во парламентот со кои се намалија казните за злоупотреба на службената положба и се скратија роковите на застареност. Сомнителните измени беа досени преку итна постапка во Парламентот затоа што тие биле наводно неопходни за приближување на земјата кон ЕУ. Претседателот Стево Пендаровски можеше да стави вето на законот, но веднаш ги потпиша законите. ЕУ се спротивстави да биде користена од Владата и претседателот во Северна Македонија како изговор за домашни политички махинации кои претставуваат чекор наназад во борбата против корупцијата. Портпаролката на Комисијата рече дека тие се ‘загрижени’ за влијанието на последните одлуки врз борбата против корупцијата, критикувајќи ги не само намалените казни, туку и скратениот рок на застареност, што влијае на многу тековни постапки. Портпаролката го критикуваше и фактот што законите се донесени набрзина без сеопфатна консултација и координација со ЕУ, повикувајќи се наводно поради потреба од усогласување со европските стандарди. Корупција во име на ЕУ – вака би можела да се сумира политиката на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот тим. Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Димитров, истакнува: Сегашната влада го вее европското знаме за да го стори истото“, наведено е во текстот на ФАЦ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img