More

    Политичарите честитаат Велигден

    spot_img

    Здравје, среќа, духовен мир, сплотеност, заемна почит, надеж за подобро утре се пораките кои денеска ги испратија политичарите до православните христијани.

    Во честитката за Велигден од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се вели дека воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи, човековата волја, љубов и верба можат да придонесат за поубав свет.

    „Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес. Промените кои доаѓаат да ги запечатиме со силна победа, за догодина да славиме Велигден со многу поголеми насмевки на задоволство како нација.

    Претседателот Стево Пендаровски во честитката повикува, следејќи го Христовиот пример, да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество во кое ќе има место за секого бидејќи.

    Претседателот на Собранието, Јован Митрески посака празничните денови да поминат во добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија.

    „Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба“, се вели во честитката од техничкиот премиер Талат Џафери.

    Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, во честитката по повод христијанскиот празник Велигден, повикува на хармонија и на обединетост во нашето општество.

    „Денешниот празник ја симболизира победата на животот над смртта, тоа е силна порака дека храбрите одлуки секогаш носат успех, особено кога се работи за заедничкото добро“, се наведува во честитиката Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img