More

    Северна Кореја повторно истрела балистички ракети, Јапонија жестоко реагираше

    spot_img

    Северна Кореја повторно истрела балистички ракети во морето во близина на брегот на Јапонија во понеделникот, што ги ескалира тензиите во Пацификот, поттикнати од наизменични севернокорејски тестови на оружје и воени вежби на Јужна Кореја и нејзините сојузници.Пјонгјанг често тестира оружје, особено интерконтинентални балистички ракети, и покрај меѓународните санкции, а новата влада во Сеул одговара со поинтензивни заеднички воени вежби со својот главен сојузник САД.

    По најавата за нови вежби, Северна Кореја во петокот истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето кај западниот брег на Јапонија. Јужна Кореја и САД одговорија во неделата со заедничка вежба на воздухопловните сили, а САД организираа и заеднички воени вежби со Јапонија.

    По неделните воени вежби, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, предупреди дека не треба да се зголемува присуството на американските стратешки воени капацитети на Корејскиот полуостров.

    „Внимателно го проучуваме влијанието (на овие капацитети) врз безбедноста на нашата земја“, рече Ким Јо Јонг во изјавата. „Колку често ќе го користиме Пацификот како полигон за обука ќе зависи од карактерот на потезите на американските сили“, додаде таа.

    Во понеделникот Пјонгјанг истрела две балистички ракети, објави јужнокорејската војска.

    Севернокорејските медиуми потврдија дека два проектили биле истрелани од повеќецевни ракетни фрлачи на цели оддалечени 395, односно 337 километри.

    „Ракетниот фрлач со повеќе цевки од 600 мм, мобилизиран за пукање… служи како платформа за тактичко нуклеарно оружје“ и може да ја парализира воздушната патека на непријателот, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

    Јапонското Министерство за одбрана објави дека ракетите паднале во морето надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија.

    „Серијата потези на Северна Кореја, вклучително и повторното лансирање на балистички ракети, ги загрозува мирот и безбедноста на Јапонија, регионот и меѓународната заедница“, соопшти јапонското министерство.

    Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави во понеделникот дека побарал итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради лансирањето на балистичка ракета од Северна Кореја.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img