Северна Кореја истрела два крстаречки ракети од нејзиниот западен брег, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана.Ракетите биле истрелани кон Жолтото Море од Ончон во провинцијата Јужен Пјонг, изјави неименуван претставник на Министерството за одбрана.
Северна Кореја не тестирала крстаречка ракета од јануари, објави новинската агенција Јонхап.
Овој тип на проектили не е забранет со сегашните санкции на Обединетите нации.