More

    Серија инциденти во Скопје во кои се нападнати деца

    spot_img

    Малолетници натепале момче и му го одзеле мобилниот телефон. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

    „Вчера во 16:20 часот, Б.П., на возраст од 48 години, од скопското село Кучевиште, пријавила дека околу 14 часот во населба Нерези, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои му го одзеле и мобилниот телефон“ – појаснуваат од МВР.

    Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

    Истиот ден на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, малолетник бил физички нападнат од мајка на негов соученик.

    „На 12.02.2024 во 19.15 часот во СВР Скопје, И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син физички бил нападнат од мајка на ученик од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – информираат од МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img