More

    Награда за вработените во МВР што работеа на промена на документите

    spot_img

    Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, во прес конференција во Владата на Република Северна Македонија информираше за денешната одлука на седница на Владата со која се задолжува МВР од утре да ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото име на државата, на товар на МВР.

    Бојмацалиев во оваа прилика изрази благодарност до сите вработени во МВР кои изминатиот период се ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

    – Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија. Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот – рече Бојмацалиев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img