More

    Селена Гомез на удар од јавноста поради тоа што го кажа

    spot_img

    Во документарецот за животот на пејачката и актерка Селена Гомез „Selena Gomez: My Mind & Me“ не се споменува една важна личност, девојката која го донираше својот бубрег и ѝ го спаси животот.

    Филмот ги прикажува последните шест години од животот на Селена Гомез, како и нејзината борба со лупус, автоимуна болест која предизвикува природната имунолошка одбрана на телото да го напаѓа здравото ткиво.

    Поради лупус, Селена Гомез имаше трансплантација на бубрег во 2017 година и се бореше со депресија и биполарно растројство. Хуманиот гест на нејзината пријателка и колешка Франсија (Франча) Раиса воодушеви многумина, а пејачката со години ја нарекуваше „сестра“.

     

    Сепак, во споменатиот филм не се споменува Франча. А Селена ја именуваше Тејлор Свифт за нејзина единствена вистинска пријателка од индустријата (шоубиз) во интервјуто за американскиот магазин „Ролинг стоун“.

    „Никогаш навистина не се вклопив во кул групата славни девојки. Мојата единствена пријателка во индустријата е навистина само Тејлор“, рече Селена, која потоа зборуваше за нејзината борба со болеста и трансплантацијата, без да ја спомене Франча.

    Изневерената пријателка ја сподели изјавата на Селена Гомез за Тејлор Свифт со коментар: „Интересно“, а потоа ја отследи од Инстаграм.

    Селена потоа објави видео на ТикТок во кое зборува за овој потег, велејќи: „Жал ми е што не ги спомнав сите луѓе што ги познавам“.

    Франча летоска зборуваше за тоа колку донацијата на бубрег ѝ го промени животот: „Бидејќи имам еден бубрег што функционира и ми делува како филтер за моето тело, морам да внимавам што јадам и не можам да внесувам многу протеини. Јадам многу, но морам и да ја џвакам многу храната, што ми отежнува да јадам и не можам да се здебелам“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img