More

    Се урна мал авион во БиХ, загинаа татко и ќерка

    spot_img

    Мал спортски авион се урнал денеска околу 15 часот кај Козарска Дубица до градот Приједор.

    Во несреќата загинаа Андреа и нејзиниот татко Љубиша Араманда, кој е долгогодишен инструктор за летање, објави Дневни аваз.

    „Ќе се собираат сите податоци и документација за наведениот лет, авионот, местото на полетување, планираното движење, како и лицата кои летале и биле во авионот, како и сите други околности поврзани со несреќата во која има загинати,“ се наведува во соопштението на Обвинителството на БиХ.

    Местото на несреќата го обезбедуваат припадници на полициската управа Приједор, а присутни се и припадници на Територијалната противпожарна единица за спасување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img