More

    Се работи на нови регистри кои се достапни за 1.800 професионални корисници

    spot_img

    Со над 1800 професионални корисници, Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) денес преставува модерен и современ регистар на кој се темелат сите имотно-правни односи поврзани со недвижностите, беше истакнато на отворањето на меѓународната конференција што се одржува денеска и утре во организација на АКН по повод јубилеите „95 години геодетски премер и 75 години Геодетска управа”.

    Предизвик за наредниот период во областа ќе биде реализацијата на основната нулта геодетска мрежа, како основа за да се спроведе студијата за воспоставување нови референтни државни системи, а во областа на образованието воспоставување докторски студии по геодезија. Значајна тема на која се работи се регистрите и управувањето со процесите за дигитални просторни податоци.

    Агенцијата за катастар, според директорот Борис Тунтев, создала услови за поголема ажурност и сигурност при запишувањето на промените во катастарот на недвижности.

    – Имаме над 1800 професионални корисници. Работиме во функција на поддршка на развојот на бизнисот и економијата, што може да се види со фактите дека ги поедноставивме процедурите, а рокот за запишување се скрати од месец и повеќе, на еден до три дена. Катастарските податоци се достапни на интернет. Овозможен е директен пристап до податоците од катастарот на недвижности за нотарите, приватните геодети, општините, останатите државни институции, итн. Овозможено е електронско поднесување на пријавите за запишување на промени за трансакции на имот и на имотен лист, копија од катастарски план, итн – рече Тунџев.
    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во обраќање на конференцијата истакна дека Агенцијата за катастар на недвижности не е само место каде технички се обработуваат податоци и се прават мапи, туку е алатка која на сите ни овозможува раст и развој.

    – Оваа институција која е влезена длабоко во сферата на дигитализацијата со која успешно се справува, сметам дека е новиот двигател на растот и развојот на нашата земја. Дигитализацијата и податоците со кои располагаме имаат вредност само ако правилно се употребуваат и се вкрстат соодветно – рече Битиќи.

    Битиќи укажа и дека со законот за премер, катастар на недвижности и регистри и со законот за геодетска дејност, што се во консултативен процес, ќе се подобри квалитетот на запишаните податоци во катастарот. Со тоа, ќе се обезбеди унифицираност на постапките, како и воведување нови регистри и развој на нови производи и услуги за сите институции, граѓаните и стопанството.

    Почетоците на геодетските премери во државава се бележат од пред 95 години, а по тој повод АКН изложи музејска постановска со сведоштва за нејзината работа од 1927 година, па до денес.

    Геодетска управа на Народна Република Македонија што беше формирана во 1947 година понеколку законски трансформации низ годините, со новиот Закон за катастар на недвижности од 2008 година, функицонира како Агенција за катастар на недвижности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img