More

    Се помалку има надеж во потрагата по подморницата: „Тешко ќе има среќен крај“

    spot_img

    Веќе петти ден во четврток мултинационален тим за пребарување се обидува по море и воздух да пронајде туристичка подморница во близина на потонатиот брод Титаник кој исчезна со пет патници на кои, според претпоставките, им останал уште кислород. Подморницата Титан со големина на комбе, управувана од американската компанија OceanGate Expeditions, го започна своето спуштање во неделата во 8 часот по локално време. Таа го изгубила контактот со брод за поддршка откако се приближила до најпознатата потоната на светот во Северен Атлантик.

    Титан бил опремен со 96 часа кислород, според компанијата, што значи дека резервоарите со кислород најверојатно ќе се потрошат во четврток наутро. Но, колку долго ќе им трае кислородот зависи од различни фактори како на пример дали подморницата сè уште работи и колку се спокојни патниците. Одбројувањето до исцрпување на кислородот е само хипотетичка временска рамка под претпоставка дека исчезнатиот брод е сè уште недопрен и не е заробен или оштетен на големи длабочини или во близина на морското дно.

    Ако може да се лоцира Титан, неговото извлекување ќе претставува големи логистички предизвици. Доколку подморницата успееше сама да се врати на површината, тешко ќе ја забележите на огромното отворено море. Може да се отвори само однадвор, па патниците не би можеле да излезат без нечија помош. Ако Титан е на дното на океанот, спасувањето би било уште потешко поради огромниот притисок и целосната темнина на таа длабочина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img