More

    Се обиде да сокрие со кого се гледа по разводот со Тони Бјелиќ

    spot_img

    Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ вчера за прв пат се појави во Белград, по објавата дека се разведува од сопругот Тони Бјелиќ со кого беа во прак повеќе од две децении. Од Виена отпатувала со редовен и со куфер во рацете, добро расположена во друштво со другите патници. Некои од медиумите ја фотографираа на аеродромот во Виена непосредно пред патувањето во Белград додека се возела со автобус до аеродромот пред да влезе во авионот, а била одлично расположена и насмеана цело време.

    Повод за нејзиното доаѓање во Белград како што пренесуваат српските медиуми, е Фестивалот на народна музика. Сепак, како што откриваат, тоа не е единствената причина зошто Драгана допатувала во Србија.

    „Скандал“ дознава дека популарната пејачка се сретнала со актерите Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ по претставата „Лага“ која синоќа ја гледала од публиката. А причината за нивната средба е претстојната соработка  на филмот „Јужен ветер 3“.
    иако се обиделе средбата да помине во тајност, српските медиуми сепак откриваат дека по претставата во Белградскиот драмски театар, Драгана Мирковиќ два и пол часа разговарала со актериоте за продолжението на снимањето на еден од најгледаните српски филмови.

    Според извори на „Скандал“ продолжението на популарниот филм и серија ќе се снима во замокот на пејачката Ебенфурт во Австрија. Драгана Мирковиќ им ја понудила својата помош и поддршка, како финансиска, така и за се останато, бидејќи е познато дека пејачката има голем број пријатели меѓу влијателните луѓе во австриската престолнина.

    Ова не е прва средба на Драгана Мирковиќ со популарните актери, бидејќи пред извесно време тие го посетиле нејзиниот замок, каде таа ги угостила заедно со членовите на нејзиното семејство.
    Според извештаите, филмот ќе го носи насловот „South Wind 3: Gas geben“, а една од локациите за снимање ќе биде токму замокот и имотот на популарната пејачка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img