More

    Поранешниот сопруг одржа потресен говор, сестрата неутешна

    spot_img

    На Новите гробишта денеска беше погребана Бојана Јанковиќ, која почина на 19 април и зад себе остави неутешено семејство.

    На 47-годишна возраст ненадејно почина поранешната српска водителка Бојана Јанковиќ. Таа беше пронајдена мртва во станот во петокот на 19 април. Нејзиното семејство, пријатели и колеги ја испратија во вечното почивалиште, а свештеникот Иларион го одржа последниот говор.

    Многумина колеги и пријатели со голема болка денеска на Новите гробишта во Белград и го кажуваат последното збогум. Меѓу првите на погребот на Бојана пристигна нејзиниот поранешен сопруг, член на рап групата „Белградски синдикат“, Огњен Јанковиќ со нивната ќерка, како и со актерката Милена Радуловиќ, со која е во врска извесно време.

    Сестрата близначка на Бојана, Ивана, скршена од болка, неутешна, додека до неа е Един Шкориќ.

    Водителката Душица Јаковљевиќ и пејачката Катарина Сотировиќ паднале во прегратка кога се сретнале и заедно плачеле. Тие беа едни од најблиските пријателки на Бојана Јанковиќ. Меѓу присутните бил и Андрија Милошевиќ со сопругата.

    „Беше една единствена и неповторлива. Најдобра пријателка, омилена на работа. Беше прекрасно грижлива. Ти знаеш сè, кој и колкупати ни се јави за да сподели некоја анегдота со тебе. Ти благодарам за безбројните моменти и среќа која на крајот и го прави твојот живот. Обожаваше музика и да танцуваш. Нè учиш да го победиме стравот поради минливоста. Ние повеќе не се плашиме од ништо, подготвени сме за сè што ни следува. Знам дека ти е мило што нè гледаш и слушаш тука сите заедно. Бојана, Боко, Бокси, секој имаше омилен прекар за тебе. Многумина те викаа љубов, сестро, тетка. Колку ќе ни недостасуваш ти тоа најдобро го знаеш. Нека милиот Господ те прегрне. Те сакаме засекогаш“, рекол поранешниот сопруг на водителката, Огњен Јанковиќ.

    Членовите на „Белградски синдикат“ дошле со цвеќе в раце да ја испратат починатата водителка на вечното почивање.

    Бојана и Огњен беа во брак 15 години, во кој добија две ќерки. По разводот останаа во одлични односи и си беа еден на друг најголема поддршка.

    Фотографиите од збогувањето со прекрасната Бојана Јанковиќ можете да ги погледнете ТУКА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img