More

    Се кршат неколку резолуции од ООН, предупредија САД, Јапонија и Јужна Кореја

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера ја завршија петчасовната средба на космодромот Восточни на рускиот Далечен Исток. По средбата Путин изјави дека Русија ќе ѝ помогне на Северна Кореја да лансира сателити, а Ким рече дека Москва има целосна поддршка во, како што рече, „светата борба“ со Западот.

    Ким во книгата за посетители на корејски напиша: „Славата на Русија, која ги роди првите освојувачи на вселената, ќе биде бесмртна“.

    Самитот на лидерите на двете земји, кои се повеќе се изолирани на меѓународно ниво, внимателно го следат Вашингтон и неговите сојузници, кои се сомневаат дека би можеле да се согласат со трговијата со оружје и одбранбена технологија.

    Американските, јапонските и јужнокорејските власти изразија загриженост дека Ким ќе и обезбеди оружје и муниција на Русија, која потроши огромни резерви во повеќе од 18-месечната војна во Украина, додека Москва и Пјонгјанг ги негираа таквите намери.

    – Очигледно сме загрижени за какви било нови одбранбени односи меѓу Северна Кореја и Русија, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џон Кирби.

    Службеникот на Стејт департментот Метју Милер, исто така, изрази загриженост за каква било соработка на полето на сателитите, што би било „прекршување на неколку резолуции на Обединетите нации (ОН).

    Јапонија укажа на ризикот од „прекршување“ на санкциите на ОН против Северна Кореја.

    – Со загриженост ја следиме ситуацијата, особено затоа што постои „можност тоа да доведе до кршење на забраната на Советот за безбедност на ОН за трансакции со оружје со Северна Кореја – изјави јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава.

    И министерот за обединување на Јужна Кореја задолжен за односите со Северна Кореја изрази загриженост за воената соработка меѓу Пјонгјанг и Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img