СДС продолжува да лаже и манипулира. Ниту откупната цена на пиперка е 20 денари по килограм, ниту откупот е запрен.
Динамиката за откуп на индустриската пиперка-ајварка се одвива непречено и во согласност со договорените услови со производителите, откупувачите и преработувачите.
Во договор со сите заинтересирани страни утврдено е откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус.
Согласно договореното целата произведена пиперка ќе биде откупена и тоа добро го знаат земјоделците. Само СДС бара тема и причина да создава паника кај населението, во случајот земјоделците.
Земјоделците многу добро се сеќаваат на периодот на власт на СДС, кога родот на земјоделците завршуваше на буниште, наместо во откупни центри по јасно утврдени правила.
Земјоделците, исто така, паметат и кој ги остави без субвенции, така што со преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, наследи долг од милијарда денари неисплатени субвенции.
А, за период од година и половина, актуелната влада исплати околу 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции на околу 70 илјади земјоделци.
Ако некој земјоделството го клекна на колена и земјоделците ги остави на цедило, тоа се токму СДС со нивниот министер, Љупчо Николовски, кој наместо со нив на нивите, шеташе по белиот свет на државен трошок.
Министерството активно ја следи ситуацијата на терен и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е партнер и ги штити интересите на земјоделците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
