More

    Саркози: „Кога мавтате со црвена крпа пред бикот, тој ќе ве нападне“

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин бил испровоциран да ја нападне Украина, смета поранешниот француски претседател Никола Саркози. Тој во интервју за „BFM-TV“ изјави:

    – Кога мавтате со црвена крпа пред носот на бик, немојте да се чудите ако тој ве нападне.

    Саркози исто така рече дека политичарите кои велат дека е невозможно да се разговара со Путин едноставно никогаш не го направиле тоа.

    Сепак, за Саркози Русија и рускиот лидер се агресори, а Украина е жртва, како и дека светот треба да размисли како да ја прекине војната. Според него, постојат две опции, од кои едната е уништување на Русија.

    – Но, ние нема да ја уништиме втората по големина нуклеарна сила во светот, инаку светот ризикува да се лизне во тотална војна – рече тој.

    Претходно Саркози изјави дека Украина треба да одбие да влезе во НАТО и ЕУ и повика на мировни преговори како единствено решение за прекин на конфликтот.

    Исто така, тој ги оцени намерите на Украина да го ослободи Крим како „илузорни“, пренесуваат медиумите во регионот.

    Поранешниот француски претседател изјави дека во руската војна против Украина веќе загинале 500.000 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img