More

    Сакам да биде како на времето, албанскиот и македонскиот да се рамноправни јазици

    spot_img

    Најобичен спин од ДУИ е информацијата дека ќе бидеме дел од владиното мнозинство, изјави в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој тврди дека неговата партија досега не добила никаква понуда, односно покана за приклучување во власта.

    – Спинуваат од ДУИ. Интересно им е во партијата, поделени се во 3-4 фракции и не може да се разбере кој со кого е. А јас веќе еднаш кажав дека првпат ме прашаа пред 5-6 недели и еве повторно ќе кажам дека Алијанса за Албанците не е човек-партија, туку е организација којашто има тела кои одлучуваат. Засега нема никаков предлог и сѐ е на ниво на шпекулација. Ако има таков предлог мислам дека не треба одлуката да ја донесе само претседателот туку треба сериозно да се разгледа во партиските тела и да се донесе одлука, без разлика каква е – истакна Таравари кој на денешната прес-конференцијата ја претстави анализата од нивните партиски експерти по повод најновиот Извештај за прогресот на Европската комисија за 2022 година.

    Тој го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

    – Овој пакет на мерки што ќе го дадеме ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Секако, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ја отстраниме квотата 20 остсто Албанци во Уставот. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми – посочи Таравари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img