More

    Актерката во улога на Анита Екберг во новиот филм посветен на неа

    spot_img

    Моника Белучи го промени својот изглед за снимањето на новиот филм. Таа на Инстаграм објави дека глуми во филмот „Девојката во фонтаната“ (The Girl in the Fountatin), во режија на Антонџулио Паченти, којшто ќе биде прикажан прво на фестивалот „Лумиер“ во Лондон, Англија, и на Филмскиот фестивал во Торино.

    На сликата-реклама за филмот, Белучи има руса коса.

    Паченти пак, нагласи дека приказната е за шведската глумица Анита Екберг.

    – Анита всушност беше позната уште пред да го сними филмот „Сладок живот“ (La Dolce Vita). После тоа се зафати со улогите што ѝ ги даваше Федерико Фелини. Секогаш глумеше жени кои се сексуализирани. Сакавме да покажеме дека Анита не може да избега од оваа погрдна титула што ѝ ја додели Фелини – изјави режисерот.

    Филмот „Девојката во фонтаната“ е приказна за животот на легендарната глумица Анита Екберг, а покрај Белучи, во него глуми и Ерик Александар. Прикажувањата во Италија почнуваат на 1 декември, а шведската ТВ-премиера е на 14 јануари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img