More

    Саботниот концерт во „Борис Трајковски“ му го посветија на починатиот Карлос Марин

    spot_img

    Музичката сензација „Ил диво“ во саботата вечер со својот настап ја маѓепса публиката во „Арена Борис Трајковски“ во Скопје. Со самото излегување на сцената, членовите на „Ил диво“ на македонски јазик ја поздравија и ѝ се заблагодарија на бројната публика, пишува Слободен Печат. Концертот беше во рамките на нивната турнеја „IL DIVO greatest hits“ посветена на починатиот член Карлос Марин.

     

     

    Концертот во Скопје беше полн со емоции и во чест на нивниот колега, кој почина лани од последици од ковид-19. На сцената имаше и едно празно, осветлено столче за Карлос. Изведувајќи ги препознатливите хитови, тројцата членови на „Ил диво“ во текот на целиот концерт емотивно се присетуваа на починатиот колега и пријател Карлос Марин.

    „Седумнаесет години ние бевме заедно со Карлос на ова неверојатно патување на Ил Диво“, рекоа во емотивното обраќање.

    На крајот на концертот, пејачите го развеаја и македонското знаме, што предизвика силен аплауз кај публиката, која ја кренаа на нозе за заедно да запее и да заигра со нив.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img