More

    „СА-5“ може да соборува авиони, но прашање е дали ќе собори Ф15-ка

    spot_img

    Стар модел на советски проектил СА-5 од 1960-тите години била ракетата земја-воздух која Северна Кореја ја испали во морето. Ова го соопштија властите на Јужна Кореја кои ги испитале остатоците кои ги пронашле. И Јапонија извести за лансирањето. Јапонската крајбрежна стража соопшти дека се чини дека балистичката ракета паднала во морето неколку минути по известувањето за лансирањето, пишува Ројтерс.

     Ракетата летала на височина до 50 километри и опфатила дострел од 250 километри, изјави за новинарите јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада. Тој рече дека владата упатила силна протестна нота кон Северна Кореја преку дипломатски канали преку Пекинг и дека Токио остро го осудил лансирањето.

     Здружениот началник на Генералштабот на Сеул исто така соопшти дека открил лансирање на неодредена балистичка ракета од Северна Кореја. Aнализата покажа дека парчето, долго околу 3 метри и широко 2 метри, извести Министерството за одбрана на Јужна Кореја.

     Од друга страна, претставници на Јужна Кореја и САД, исто така, рекоа дека Пјонгјанг направил технички подготовки за тестирање на нуклеарна направа, што е првпат тоа да го направи од 2017 година.

    Додека се чека потврда за идните можни нуклеарни тестови на Северна Кореја, битно е да се каже дека советската ракета која денес беше истрелана и не е толку стара. Ракетата била извезена низ целиот свет и сè уште е во употреба во најмалку десетина земји, според Проектот за ракетна одбрана на Центарот за стратешки и меѓународни студии. Северна Кореја ги добила овие ракети од СССР кон средината на 1980-тите.

    СА-5 е ракета за противвоздушна одбрана наменета соборување на стратешки бомбардери и други цели на голема височина.

    „Две локации опремени со овие системи со многу долг дострел го покриваат целиот севернокорејски воздушен простор, како и значителен дел од воздушниот простор на југот“, пишуваат истражувачите за овој проектил.

    „Меѓутоа, со оглед на тоа што се дизајнирани да се спротивстават на стратешките авиони, нивната употреба против модерни брзи авиони како што се Ф-15 и Ф-16 е под знак прашалник“, се додава во извештај од холандски експерти на оваа тема.

     „Ова лансирање ракета СА-5 беше јасно намерна, намерна провокација“, се вели во соопштението.

     „СА-5 има и карактеристики на ракета земја-земја, а Русија користеше слични проектили во Украина за напади земја-земја“.

     Министерството остро го осуди лансирањето на ракетата во тоа време, нарекувајќи го прекршување на меѓукорејскиот воен пакт од 2018 година, со кој се забрануваат какви било активности кои поттикнуваат тензии на границите.

     Претходно минатата недела, Северот лансираше повеќе проектили минатата недела како одговор на воените вежи на САД и Јужна Кореја. Меѓу ракетите кои ги истрела Ким Јонг Ун беше и интерконтинентална балистичка ракета (ИСБМ), која не успеа да го прелета јапонското небо, а јапонските радари ја изгубиле од видикот на пола пат кон Тихиот Океан.

     Тоа беше првпат севернокорејска балистичка ракета да слета во близина на јужнокорејските води. За ракетата војската на Северна Кореја соопшти дека се работи за вежба во која биле симулирани напади врз Јужна Кореја и врз САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img