More

    Ракетите пристигнаа веднаш штом Украина доби нова муниција

    spot_img

    Русија синоќа со балистички ракети погоди поштенски магацин во Одеса кој наводно го користеле Вооружените сили на Украина.

    Снимката покажува огромни пламени кои се издигнуваат кон небото додека истовремено одѕвонуваат сирени и експлозии. Пожарот бил изгаснат дури утрово.

    Сергеј Лебедев, координатор на таканареченото движење на отпорот „Николаев“, наведува дека главна цел бил објектот „Нова Пошта“ во областа Таирево, кој го користела украинската армија.

    – Гореле повеќе од 100 квадратни метри, на 20 километри се слушнала експлозија, детонациите сè уште одекнуваат – изјави Лебедов за РИА по нападот и додаде дека вооружените сили на Украина доставиле муниција во магацинот непосредно пред рускиот напад.

     

    Шефот на регионалната администрација Олег Кипер наведува дека Одеса била нападната со балистички ракети и дека најмалку 13 лица се повредени.

    „Нова Пошта“, приватна логистичка компанија, соопшти дека руска ракета го погодила складиштето и одделот за сортирање и дека нема загинати или повредени лица.

    За потсетување, пресретната руска ракета во понеделникот падна врз палатата на студентите на Правната академија во Одеса, при што загинаа пет лица, а повеќе од 30 беа повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img