More

    Бројот на уапсени студенти во САД надмина 300

    spot_img

    Над 300 студенти биле приведени на протестите кои се одржуваат на повеќе од 30 американски студентски кампуси, во знак на револт поради зголемениот број жртви во војната во Газа, барајќи тамошните универзитети да ја прекинат соработката со компаниите кои работат со Израел, пренесува Асошиејтед прес.

    Стотици студенти и денеска останаа зад бариерите на универзитетот УКЛА во Лос Анџелес и покрај тоа што полицијата им нареди да заминат.

    Во УКЛА имаше судири меѓу демонстрантите и контрадемонстранти кои го нападнаа пропалестинскиот кампус.

     

     

    Ова се смета за убедливо најголемиот студентски протест во САД во 21 век, а според американските медиуми, полициската реакција потсетува на сцени од 1960-тите кога имало студентско движење во форма на протест против Виетнамската војна.

    Додека властите во САД се закануваат дека ќе ги суспендираат студентите кои протестираат, Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер на прес-конференција рече дека студентите имаат право да посетуваат настава и да се чувствуваат безбедно.

    За поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пак, ова е знак на пораст на антисемитизмот во САД.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img