More

    Руски политичар го повика газдата на „Тесла“ да влезе во претседателската трка

    spot_img

    Илон Маск треба да ја искористи историската шанса и да се кандидира за претседател на САД, смета рускиот политичар Михаил Шеремет, пратеник во руската Дума од Крим. Според Шеремет, Маск треба да го искористи своето влијание за да го промени светот на подобро.

    – Маск е разумен политичар и почитуван бизнисмен. За да се обиде да го промени нашиот несовршен свет на подобро, тој нема потреба да дава изјави кои не можат да влијаат на меѓународната ситуација. Тој треба да ја искористи историската шанса, да го покаже својата карактер и амбиции и да се кандидира за претседател на САД – вели Шеремет.

    Пратеникот од анектираниот Крим верува дека американскиот бизнисмен може да ја врати демократијата во САД. Шеремет е убеден дека американскиот народ и целиот свет тогаш ќе го слушнат неговиот глас и ќе ги поддржат мировните предлози.

    Маск има предложен план за решавање на конфликтот во Украина. Сопственикот на „Тесла“ и на Твитер истакнува дека многу животи ќе биле спасени доколку бил прифатен планот што го предложил во 2022 година.

    Планот на Маск вклучува уште едно гласање во новите припоени региони на Руската Федерација (Донбас, Керсон, Запорожје), но овојпат под надзор на ОН. Тој, исто така, предлага Крим да остане формален дел од Русија како и да се гарантира снабдувањето со вода на тој полуостров и неутралниот статус на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img