More

    Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат амбициозна агенда во првите 100 дена од новата влада

    spot_img

    Во првите 100 дена имаме многу амбициозна агенда за која што веќе се подготвувавме, но не сакавме да ја експлоатираме во кампањата. Денеска веќе кога сè е завршено, можам да кажам дека веќе е завршена една сериозна странска инвестиција која што е отпочната во делот на енергетиката, без посебни закони, без загарантирана цена на откуп, без повластици, најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

    – Оваа е инвестиција меѓу 400 и 500 милиони евра која што ќе произведува некаде од прилика, околу 1 терават часови електрична енергија годишно и која што ќе се случи во Македонија. И тоа ќе биде објавено во првите 100 дена – вел Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5.

    Мицкоски потенцираше дека ќе донесат и други две странски инвестиции, за кои што рече дека услов е да си замине сегашниот директор на ТИРЗ и нов претседател н

    – Можам да најавам и еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка. Со две други странски инвестиции кои што би биле во зоните, но услов е овој директор кој што е таму и претседател на СДСМ во најава, да замине. Бидејќи имаат навистина лошо искуство со него за да дојдат да инвестираат во Македонија. Тоа се исто така прилично атрактивни  инвестиции и ценам дека еден ваков финансиски бран ќе биде само дел од оној процес за кој што зборувам цело време, а тоа е како да донесеме надеж – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Мицкоски додаде дека планот е во втора половина на јули месец да се направи ребалансот, а во прва половина на септември месец да го почне проектот на децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините вреден 250 милиони евра.

    – Очекувам во втора половина на јули месец да го направиме ребалансот, таму некаде прва половина на септември месец да го почнеме оној проект на децентрализација на финансиски средства и инвестиции во општините од 250 милиони евра. Сега дека сме на половина година овој буџет во 2024 ќе опфати 125 милиони евра, инвестиции во општините – рече Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img