More

    Унгарија нема да се приклучи на „лудата мисија“

    spot_img

    Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за помош на Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, нарекувајќи го планот „луда мисија“.

    Сојузниците на НАТО во април се согласија да започнат планови за долгорочна воена поддршка за Украина во борбата против руската инвазија преку создавање фонд вреден 100 милијарди евра. Според плановите, НАТО ќе преземе дел од координацијата од коалицијата предводена од САД, наречена Рамштајн група.

    Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто повтори дека унгарската влада се противи на планот.

    – Унгарија нема да се приклучи на лудата мисија на НАТО и покрај сиот притисок – рече Сијарто.

    Владиниот портпарол Золтан Ковач, реагирајќи на иницијативата на НАТО, минатиот месец на Твитер објави дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на НАТО што би можел „да ја доближи Алијансата до војна или да ја претвори од одбранбена во офанзивна коалиција“.

    Односите меѓу Будимпешта и НАТО се затегнати бидејќи Унгарија ја одложи ратификацијата на влезот на Шведска во Алијансата, што конечно го направи во март и поради блиските односи на унгарскиот премиер Виктор Обран со Москва и покрај руската инвазија на Украина.

    Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман претходно изјави дека сојузниците во НАТО ја предупредуваат Унгарија за опасностите од „блиските односи“ со Русија и дека, ако тоа е политички избор на Будимпешта, „ќе треба да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img