Заменик-началникот на регионалната полициска патрола Олексеј Билошицки на Фејсбук објави дека Русите користеле забранета фосфорна муниција при гранатирањето на Попасна.
-„Употреба на фосфорна муниција во Попасна. Деструктивна, абнормална сила. Тоа сега го пуштаат во нашите градови. Неверојатно страдање и пожари “, напиша тој.
Според „Украинска Правда“, фосфорната муниција содржи отровен бел фосфор и може да вклучува воздушни бомби, артилериски гранати, ракети, мини и рачни гранати. Женевската конвенција забранува употреба на муниција со бел фосфор.