More

    Русите ќе мора да кружат 70 километри за муниција

    spot_img

    Мостот Антоновскиј, најблискиот премин што ги поврзува украинскиот град Херсон и источниот брег на реката Дњепар е урнат, јави денеска украинската државна телевизија, цитирајќи локални жители. Телевизијата објави и фотографија на која се гледаат урнатите делови од мостот.

     

    Следниот најблизок патен премин преку Дњепар е на повеќе од 70 километри од Херсон. Причината за уривањето не е соопштена. Украинската агенција „Униан“ пренесе дека мостот наводно бил кренат во воздух.

    Агенцијата додава дека мостот Антоновскиј бил главната логистичка рута за пренос на опрема и муниција за руските сили на десниот брег на Дњепар. Пред два дена Русија соопшти дека ќе ги повлече своите сили од западниот кон источниот брег на реката Дњепар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img