More

    Русите ја „парализираа“ Украина

    spot_img

    Штетата предизвикана од денешните руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина може да биде најлошата од кој било напад овој месец, откако руските сили почнаа да ги напаѓаат украинските електрани, трафостаници и други енергетски објекти со беспилотни летала и проектили.

    Украинската државна фирма Укренерго ја спореди штетата од денешните ракетни напади со последиците од нападите од 10 до 12 октомври, кои го намалија капацитетот за производство на електрична енергија на Украина за околу 30 проценти.

    „Воведени се рестрикции во снабдувањето со електрична енергија во Киев и во регионите на Киев, Чернихив, Черкаси, Житомир, Суми, Харков, Полтава, Дњепропетровск, Запорожје и Кировохрад”, се вели во соопштението на Укренерго.

    „Рестрикциите се апсолутно неопходни за да се намали оптоварувањето на мрежата и да се избегнат несреќи откако електричната мрежа е оштетена од терористички ракетни напади”, се додава во соопштението.

    Укренерго наведува дека поправките на мрежата се одвиваат низ целата земја. Во Миколаев, град на југот на земјата, обновено е снабдувањето со електрична енергија, објави градоначалникот Олександр Сенкејевич.

    „Светлата полека се вклучуваат во различни делови на градот. Им благодарам на инженерите за посветената работа”, напиша тој на Телеграм.

    Претходно денеска, претставник од кабинетот на украинскиот претседател Зеленски изјави дека повеќе од 1,5 милиони домаќинства останале без електрична енергија по руските ракетни напади.

    Кулеба: Западот не треба да чека ни минута

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска на Твитер напиша за „бараж руски ракети” насочени против цивилната инфраструктура.

    „Утрото во Украина започна со бараж руски ракети насочени кон критична цивилна инфраструктура. Дел од нив пресретнавме, други погодија цели. Противвоздушната одбрана спасува животи. Не треба да има ни минута доцнење во главните градови кои одлучуваат за системи за противвоздушна одбрана за Украина”, напиша Кулеба на Твитер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img