More

    Родното место на неговиот татко ќе ги слушне изворните песни

    spot_img

    Со почит кон своите корени, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески на 27 август ќе ја изведе претпремиерата на својот проект „МАКЕДОНИСИМО“ во родното место на неговиот татко, струшко село Збажди.

    Во предвечерието на големиот христијански празник Голема Богородица, Трпчески и пријателите пред публиката, ќе изведат прилагодена програма од албумот „МАКЕДОНИСИМО“.

    Овој проект, во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор, Панде Шахов, кој, како што вели Трпчески, со својот посебен музички јазик ја обои на многу поинаков начин, испреплетувајќи со нашата традиционална музика различни музички стилови.

    Уникатниот тим на „МАКЕДОНИСИМО“ – квинтетот го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев.

     

    Инаку, Трпчески ја заврши својата концертна сезона 2021/22 со концертот во петокот, на 5 август на светски познатата сцена „Театро Колон“ во Буенос Аирес, што „Нешнл Џиографик“ ја вбројува во десетте најубави оперски сали во светот. На своето деби пред одушевената аргентинска публика, Трпчески заедно со Филхармонискиот оркестар на Буенос Аирес под диригентската палка на перуанецот Давид дел Пино Клинге, го изведе Вториот концерт за пијано и оркестар од Рахмањинов.

    На овој концерт му претходеа и аплаузите и овациите што Трпчески само во последните 30-тина дена ги собра на сцените на уште 3 континенти: во Хрватска (рецитал во Загреб во рамките на „Гричките вечери“), Јужна Кореја (со рецитал и на барање на публиката повторна изведба на МАКЕДОНИСИМО), Соединетите американски држави (со Грант Парк оркестарот на престижната отворена сцена во Чикаго), а во Отава, Канада во рамките на „Камерниот музички фестивал“ се случи и северноамериканската премиера на проектот МАКЕДОНИСИМО.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img