More

    Рашковски ја „растура“ обвинителката Ивана Трајчева

    spot_img

    Кога обвинител ќе промаши 99% во обвинителниот акт, тоа зборува за каков стручњак станува збор. Кога во сето тоа ќе внесе мали деца со цел да предизвика омраза, тоа кажува за каков (не)човек станува збор. Кога приватно сте лош човек или непрофесионален, цената ја плаќате самите, но кога тоа ќе го правите во службата, тогаш сте подложни на кривична одговорност и разрешување.

    Со овие зборови поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, ја обвинува обвинителката Ивана Трајчева, која ја водеше истрагата и сега го застапува обвинението за него.

    Во измените на обвинителниот акт во случајот „Софтвери“, Ивана Трајчева 2 години тврди дека на сметките на малолетните деца на Рашковски имало милионска сума на наводно незаконски средства.

    – На последното рочиште, самата, од немајкаде, не дека ѝ проработи свеста, ја смени изјавата и тврди дека од моја страна на нивните сметки се внесени 475 евра! Да, 475 евра. За толку 2 години се труе јавноста. Сега ќе треба да им погледне во очи на сите судии кои ги лажеше овие 2 години за да блокираат средства, убедувајќи ги дека има докази дека станува збор за сериозен криминал. Судиите како да се претворија во неми послушници на барањата на обвинителите. Како за притвор, така за времени мерки, така и за претреси. Демек, ова право на обвинителите „им е од бога дадено“, а тие се само исполнители на нивните желби – вели Рашковски.

    Поранешниот генерален секретар на Владата тврди дека на последното рочиште обвинителката Ивана Трајчева направила три потези за кои Советот на јавни обвинители веќе не смее да остане нем набљудувач.

    – Откако призна дека нема ништо криминално, а и незаконско зголемување на мојот имот (кој патем се има зголемено за 4.000 евра додека сум бил на функција), Ивана Трајчева направи досега невидено сало мортале  во обвинителската историја. Во својата изјава вели – бидејќи обвинителството не можело да најде ништо незаконско во моите средства, ја испратиле документацијата до ДКСК за тие да најдат! Замислете, на затворена истрага, јавен обвинител праќа материјали до друга институција која нема законска можност да гони кривично да врши истрага, само затоа што тие не успеале да најдат ништо незаконски. Мора да има криминал затоа што таа така сака? – прашува Рашковски.

    Откако е веќе јасно дека случајот „Софтвери“ е беспредметен, без никакви докази за сторено кривично дело, а на површина излегуваат, односно најверојатно сами си ги вадат скриените намери, Ивана Трајчева поднесува обвинителен предлог против мене за сторено кривично дело Фалсификување исправа, притоа покажувајќи основно непознавање што е тоа картица од партија која банката ја издава, вели Рашковски и додава:

    – Просто е за неверување дека јавен обвинител кој работи во организиран криминал не знае што е картица од партија. Со ова Ивана Трајчева ја обвинува во позадина и НЛБ Банка, дека издала фалсификат документ. Кому му се сите криви? Се знае како е поговорката.

    После две години ѝ се разјасни на обвинителката дека не може средства од 2017 и од 2015 година, кога и не сум бил ни функционер, да потекнуваат од 2019 година. Ете, за таква динамика на логика правиме муабет во обвинителниот акт, вели обвинетиот поранешен секретар на Владата и заклучува:

    – Обвинителот кој ќе промаши 99% не се вика обвинител. Не е тоа одраз на состојбата во Обвинителството. Таму има многу стручни правници. Тоа има име и презиме. Се вика Ивана Трајчева. Затоа, кога некој ќе направи фрапантно промашување, слободно кажете му „Ај не ми се прај Ивана Трајчева“ – се вели во соопштението на Рашковски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img