More

    Рашковски ја повикува Русковска на соочување

    spot_img

    Крајно е коректно обвинителката Вилма Русковска да се појави во судот, за да ги вкрстиме аргументите и да ѝ биде предочено на сите инкриминирачки дејствија кои што ги има направено додека ја вршела истрагата, изјави обвинетиот Драги Рашковски по одлагањето на денешното рочиште за случајот „Софтвери“ поради болест на еден од обвинетите.

    Ова го соопшти правниот тим на поранешниот генерален секретaр на Владата, образложувајќи зошто до судот поднел предлог како сведок да биде повикана шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во заминување, Вилма Русковска, „за да се соочи со неа во судницата и да докаже дека целиот процес против него е монтиран“.

    На денешното рочиште требаше да сведочи и државниот правобранител, но како негов претставник присуствуваше Елена Саздовска. Рочиштето беше одложено поради болест на обвинетиот Даниел Станчев.  Следното рочиште е закажано за 29 ноември.

    Вилма Русковска повеќе не е шефица на ОЈО ГОКК, откако на вчерашните први непосредни избори за прв човек на ова Обвинителство беше избран јавниот обвинител од гостиварското Вишо јавно обвинителство, Ислам Абази.

    Генералниот секретаријат на Владата, додека со него раководел Рашковски, купил софтвер за сообраќајни прекршоци вреден 81.000 евра, иако ниедна институција ниту барала, ниту користела таков софтвер. Софтверот го развил и го патентирал токму Рашковски и сега тврди дека тој  треба да биде дел од „Сејф сити“. Овие наводи се дел од обвинението против него.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img