More

    Радев не чувствува потреба да се извини за депортацијата на македонските евреи

    spot_img

    За пофалба е интересот на претседателот Стево Пендаровски за историјата, но таа мора да се потпира на историската вистина. Политичарите кај нашиот сосед на сопствените граѓани им ја должат вистината за сопствената историја, која е обвиткана со децениски манипулации и фалсификување – изјави бугарскиот претседателот Румен Радев во коментар по изјавата на Пендаровски дека Софија треба да се извини за депортацијата на македонските Евреи во Втората светска војна.

    Радев рече дека политичарите во Северна Македонија им ја должат на својот народ вистината за еврејското прашање, како и за прогонот и репресијата на македонските Бугари со децении.

    – Верувам дека европската иднина на Северна Македонија бара билатералните односи со Бугарија да се ослободат од идеологиите на тоталитаризмот, за да можеме да имаме вистински полноправен дијалог и поврзување меѓу нашите земји. Сите ќе профитираат од тоа – истакна Радев, пренесе БГНЕС.

    Претседателот Пендаровски во неделата во обраќањето пред Споменикот во Скопје на 7.144 депортирани македонски Евреи, изјави дека за да има помирување, треба да има извинување за улогата на тогашната профашистичка влада во Софија за депортацијата.

    – Обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу Холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт – праша Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img