More

    Ерупцијата на вулкан во Индонезија, властите се подготвуваат за евакуација на населението

    spot_img

    Вулканот Ибу во Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи пепел и темен чад до пет километри во воздухот, објавија локалните власти.

    По ерупцијата во петокот, центарот го подигна нивото на тревога за вулканска опасност од ниво 2 на ниво 3, што го проширува радиусот на областа што треба да се евакуира. Локалните власти подготвија шатори за евакуираните, но се уште не е издадена наредба за евакуација. Шефот на Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки опасности, Хендра Гунаван, рече дека „вулканските земјотреси се сè уште силни, така што постои потенцијал за идна ерупција“.

    Локалните власти го советуваа населението и туристите да ја избегнуваат областа околу вулканот Ибу во радиус од пет километри, каде што се проценува дека живеат повеќе од 13.000 луѓе.

    Вулканот висок 1.325 метри се наоѓа на северозападниот брег на оддалечениот остров Халмахера во архипелагот Молука во централна Индонезија.

    Индонезија има 120 активни вулкани и е склона кон вулканска активност бидејќи се наоѓа покрај „Огнениот прстен“, серија од сеизмички раседни линии во облик на потковица околу Тихиот Океан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img