More

    Путин не оди на самитот на Г-20, ќе го испрати Лавров

    spot_img

    Руската делегација на самитот на Г-20 во Индонезија ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави Александар Тумајкин, претставник за печат во руската амбасада во Џакарта, пренесеува Њујорк Тајмс.

    – Се разгледува форматот на учество на Владимир Владимирович Путин. Можеби тој ќе учествува на состанокот во формат на видео конференција – додаде соговорникот на агенцијата.

    Како домаќин на Г-20, Индонезија се спротивстави на притисокот од западните земји и Украина да ја повлече својата покана до Путин од самитот и да ја исклучи Русија од групата поради војната во Украина, велејќи дека нема овластување да го стори тоа без консензус меѓу членките.

    На крајот на минатиот месец Путин најави дека „можеби“ ќе отпатува во Индонезија на претстојниот состанок на Г-20.

    Одлуката за формати за учество на Русија на состанокот на Г-20, ќе биде донесена во наредните денови“.

    На почетокот на ноември, Белата куќа објави дека американскиот претседател Џо Бајден не планира да се сретне со својот руски колега на маргините на самитот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img