More

    Путин назначи нов командант на силите во Украина

    spot_img

    Руската војска денеска објави дека назначува нов командант на своите „специјални воени операции” во Украина по серијата загуби на теренот.

    „Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина”, соопшти денеска руското Министерство за одбрана преку Телеграм.

    Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990 година, втората војна во Чеченија во 2000  година и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година.

    Според веб-страницата на министерството, Суровикин е роден во Новосибирск, Сибир. Во 2017 година беше назначен за шеф на руската група на сили во Сирија, за што беше одликуван со Орден Херој на Русија.
    Суровикин, според информациите, помина седум месеци во притвор по пучот и протестите против Михаил Горбачов во 1991 година, кога тројца демонстранти беа убиени додека Суровикин минуваше низ нив. Тој беше на страната на „тврдокорните“ во Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (CPSU) кои се спротивставија на реформската програма на Горбачов.

    Во  1995 година беше осуден  за кражба и продажба на службен пиштол, иако обвинението подоцна беше поништено. И покрај тоа, тој е и еден од најспособните офицери на својата генерација. Во 2012 година, тој доби задача да формира нова воена полиција (дотогаш немаше таква служба во Русија).

    Досега тој командуваше со групата Јужни сили во Украина, според извештајот на руското Министерство во јули.

    Министерството за одбрана на САД неодамна објави информација според која триесетгодишната кариера на Суровикин била проследена со обвинувања за корупција и бруталност.

    Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина.

    На почетокот на септември, руските сили беа истиснати од поголемиот дел од регионот Харков во североисточниот дел на земјата во украинската контраофанзива во која Киев поврати илјадници квадратни километри територија.

    Руските војници, исто така, изгубија 500 квадратни километри во регионот Херсон во јужна Украина и го избегнаа опкружувањето во Лиман, логистички центар кој сега е во рацете на Киев.

    Соопштението е објавено на денот кога експлозија делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина.

    Минатата недела чеченскиот водач Рамзан Кадиров повика на смена на највисокиот генерал, додека висок пратеник — Андреј Картаполов — ги повика воените претставници да престанат да „лажат“ за ситуацијата на бојното поле.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img