More

    Путин нареди прекин на огнот за Божиќ

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе режим на прекин на огнот на линијата за одвојување во Украина од 6 јануари напладне до 7 јануари на полноќ, соопшти Кремљ.

    -„Имајќи го предвид обраќањето на Неговата Светост Патријарх Кирил, му наредувам на министерот за одбрана на Руската Федерација да воведе режим на прекин на огнот долж целата линија на одвојување во Украина од 12:00 часот на 6 јануари до 24:00 часот на 7 јануари. “, се вели во соопштението, пренесува Спутник.

    Путин, исто така, ја повика украинската страна да прогласи прекин на огнот за да им овозможи на верниците да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божиќ.

    Претходно, патријархот московски и на цела Русија Кирил повика на Божиќно примирје. „Јас, Кирил, Патријарх московски и на цела Русија, им се обраќам на сите инволвирани страни во меѓусебниот конфликт, апелирајќи за прекин на огнот и воспоставување божиќно примирје од 12:00 часот на 6 јануари до 24:00 часот на 7 јануари, за Православните можат да присуствуваат на богослужбата на Бадник и на денот на Христовото раѓање“, се наведува во соопштението.

    Православната црква на Украина минатата година за прв пат им дозволи на православните верници да го прослават Божик на 25 декември.

    Во 2018 година, Православната црква на Украина се отцепи од Украинската православна црква, која се смета за тесно поврзана со Москва и сега се соочува со повици за забрана, бидејќи се смета дека им помага на непријателите на земјата.

    Архиепископот на Украинската Православна Црква Евстратиј Зорија изјави за Политико дека на луѓето им останува избор кога сакаат да го прослават Божиќ, потсетувајќи дека основата за промена на датумот постои од 2017 година, кога 25 декември стана празник во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img