More

    Путин изјави  дека има „различни оружја за уништувања” и ги предупреди светските лидери за „нуклеарна уцена” против неговата земја

    spot_img

    Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави  дека има „различни оружја за уништувања” и ги предупреди светските лидери за „нуклеарна уцена” против неговата земја.

    – Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ние без сомнение ќе ги искористиме сите расположливи средства за да ги заштитиме Русија и нашиот народ, ова не е блеф – истакна Путин во вонредното телевизиско обраќање до нацијата.

    Иако точниот број на нуклеарното оружје не е познат поради тајноста на безбедносните стратегии, според Федерацијата на американските научници, Русија има најмногу односно 5.977 нуклеарни боеви глави. Додека САД имаат 5.428 боеви глави, Франција 290, а Велика Британија 225 боеви глави. Русија и САД поседуваат приближно 90 проценти од сите нуклеарни боеви глави.

    Путин во март предизвика загриженост ширум светот откако ги стави своите нуклеарни сили во состојба на готовност. Русија поседува и интерконтиненталните балистички ракети (ИЦБМ), кои можат да стигнат и да ги уништат големите светски градови како Лондон или Вашингтон. ИЦБН може да достигне максимална брзина околу 10 минути по лансирањето, што значи дека една ракета истрелана од Русија може да стигне до Велика Британија за само 20 минути.

    Денешниот повик на рускиот претседател да мобилизира 300.000 млади Руси ги вклучи алармите во многу западни земји, вклучително и стравот од нуклеарна војна. Но, алармот беше вклучен и внатре во Русија. Руското движење „Весна” (Пролет) денеска повика на протести против мобилизацијата.

    „Илјадници руски мажи, наши татковци, браќа и сопрузи, ќе бидат фрлени во воена машина за мелење месо. За што ќе умрат? Поради што ќе лијат солзи мајките и децата?”, се наведува во апелот на движењето.

    Во пресрет на конечното усвојување на измените на кривичниот закон, движењето ги повика руските војници да одбијат да учествуваат во војната и да се предадат додека не стапат во сила амандманите што ги усвои Државната дума. Тоа значи дека правно земено, во моментов мобилизацијата во Русија е кривично дело.

    – Јасно е дека криминалната војна се влошува, се продлабочува, а Путин се обидува во тоа да вклучи што повеќе луѓе – истакна рускиот опозициски лидер Алексеј Навални преку видео порака снимена во затворот, а објавена од неговите адвокати.

    Властите, од своја страна, предупредија дека такво нешто ќе се казнува најстрого.

    Руското регулаторно тело за медиуми, Роскомнадзор ги предупреди медиумите дека ќе дојде до нивно „моментално блокирање” доколку шират „лажни информации” за мобилизацијата.

    Роскомнадзор напомена оти медиумите смеат да користат само официјални информации за мобилизацијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img