More

    Првите затвореници пристигнаа во мегазатворот во Салвадор: Во ќелиите има околу стотина, ќе ги остават само во случај на испрашување и самица

    spot_img

    Убијци, дилери, крадци. Две илјади затвореници беа преместени во голема операција од страна на салвадорските затворски власти. Со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до целта.

    Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер.Последна станица – Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 илјади затвореници. Претседателот Најиб Букеле го посети минатиот месец.

    „Порано, бандите имаа проститутки, телевизори, конзоли за игри, дрога, телефони, мобилни телефони, компјутери, а чуварите и војниците спиеја на подот“, рече тој.

    Осум згради од армиран бетон. Во секоја 32 ќелии од околу сто квадратни метри. Секој има по 80 метални кревети за околу стотина затвореници. Ќе ги напуштат ќелиите само во случај на судски рочишта и тоа преку видео конференција или ако бидат казнети со самица. Секое движење ќе го следат десетици камери, 600 вооружени војници и 250 полицајци. Околу комплексот е изграден ѕид од два километри и висок 11 метри со седум караули.

    „Тука ќе гарантираме дека сите овие луѓе кои со децении предизвикуваа зло и убиваа салвадорски семејства ќе бидат на место од кое нема да можат да заминат“, рече Ромео Родригез, министер за јавни работи.

    Затворот е изграден за само седум месеци, откако бројот на затвореници во земјата драстично се зголеми. Тоа беше последица на големата војна против бандите, која претседателот Букела ја започна на крајот на март. Воведена е вонредна состојба, а беа уапсени повеќе од 64.000 осомничени.
    Здруженијата за човекови права предупредуваат дека меѓу уапсените има и невини граѓани, но жителите на Салвадор не се противат на акцијата. Во земја каде што речиси два отсто од населението е во затвор, војната на претседателот против криминалот ја поддржуваат дури 92 отсто од населението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img