Русија го идентификуваше првиот пациент кој боледува од мајмунски сипаници, објави Роспотребнадзор.
Пациентот на кој му била дијагностицирана престојувал во Европа.
„Инфекцијата е откриена кај млад човек кој се вратил од патување во Европа. Тој отишол во медицинска установа поради карактеристичен осип“, се вели во соопштението на државната здравствена служба.
Светската здравствена организација на почетокот на јули оцени дека зголемувањето на бројот на заразени со мајмунски сипаници, иако загрижува, не претставува вонредна состојба на јавното здравје на меѓународно ниво, што е највисоко ниво на тревога на организацијата.