По синоќешното признавање на Луганската и Доњецката Народна Република во побунетите региони на Источна Украина имаше големо славје. Порталот РТ објави видео во кое на улиците во Доњецк колона од автомобили со руски знамиња радосно свири низ малиот индустриски град, главен во областа, кој во времето на СССР се викал Сталино, а претходно и Александровка.