More

    Приватните превозници ќе паркираат 200 автобуси пред Град Скопје

    spot_img

    Приватните превозници утре од 6 часот ќе ја блокираат десната лента на булеварот Илинденска од почетокот на Влада до раскрсницата кај Мида.

    – Коорданитвното тело на приватните превозници одлучија да блокираат утре од 6 часот ќе се блокира Илинденска од потегот од Влада до раскрсницата кај Воена болница само едната лента, каде што ќе бидат поставени 200 автобуси. Причината е градоначалничката Арсовска и останатите граѓани да дознаат дека имаме голем број автобуси. Засега не можеме да кажеме до кога ќе бидат поставени таму. Не знаме дали ќе бидат за време на викендот, доколку не се случи од понеделник исто ќе бидат таму. Ќе чекаме некој да се дрзне да се договори со нас и да биде во јавниот интерес, и бараме ако не сака Арсовска, нека најде некои други да најдеме решение за проблемот – пренесе Ленин Јовановски на денешната прес-конференција.

    Јовановски потенцираше дека приватните превозници најавуваат доколку не се најде решение во понеделник е планирано да се блокираат крстосниците кај Мавровка, кај Црвен крст и булеварот Илинденска, целосна блокада на Град Скопје, а најава има и за заслување и радикализиранње на протестите од страна на превозниците, но во каква смисла ќе бидат сѐ уште не се знае.

    Тој на денешната прес-конференција рече дека не е постигнат договор со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈСП Александар Стојковски за исплата на долгот што го побаруваат превозниците, па ќе се обидат тоа да го постигнат за време на викендот, ако не ќе продолжат со блокадите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img