More

    Принцот Вилијам и Кејт во ненадејна посета на Полска

    spot_img

    Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт, принцот и принцезата од Велс, беа во ненадејна посета на Полска, односно на британските војници стационирани во таа земја, објави полскиот весник „Факт“.Авионот со членови на британското кралско семејство слета на аеродромот Ржешов-Јасионка, пишува весникот.

    Се очекува Вилијам и Кетрин да ги посетат војниците стационирани во градот Жешов во покраината Субкарпати, како и да го посетат медицинскиот центар во селото Јасионка каде се лекуваат војниците ранети во операциите во Украина.

    „Тука сум затоа што сакам лично да им се заблагодарам на полските и британските војници кои дејствуваат во блиско и клучно партнерство. Исто така, сакам да му оддадам почит на инспиративната хуманост на полскиот народ. Ги отворивте срцата колку и домовите“, изјави Вилијам за полските медиуми.

    По воените ангажмани, принцот од Велс треба да отпатува во Варшава за да го посети колективниот центар каде што има околу 300 Украинки и деца кои избегале од војната.

    Во четврток, принцот ќе положи венец на гробот на непознатиот војник во полската престолнина, каде што неговите покојни баба и дедо, кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип, исто така, положија венец за време на нивната државна посета во 1996 година.

    Предвидена е и средба со полскиот претседател Анджеј Дуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img