More

    Револуционерниот лек обележува нова ера во медицината

    spot_img

    На глуво девојче од Британија му бил вратен слухот по првата светска и револуционерна генетска терапија, објави британски Гардијан.

    Опал Сенди (18 месеци), од Оксфордшир, е родена целосно глува поради аудитивна невропатија предизвикана од прекин на нервните импулси кои патуваат од внатрешното уво до мозокот.

    Сега, благодарение на генската терапија која се тестира во Велика Британија и ширум светот, слухот на девојчето е речиси нормален и може уште повеќе да се подобри.

    Главниот истражувач и хирург, професор Манохар Бенс, изјавил дека резултатите се „подобри одошто се надевал или очекувал“.

    – Нашите резултати со девојчето Опал се спектакуларни и многу блиску до враќање на нормалниот слух. Затоа се надеваме дека тоа е потенцијален лек – рекол Бенс.

    Аудитивната невропатија може да биде предизвикана од грешка во генот ОТОФ кој е одговорен за создавање на протеин наречен отоферлин. Ова им овозможува на клетките во увото да комуницираат со аудитивниот нерв. За да се надмине грешката, генетската терапија „нова ера“, која ја развива биотехнолошката компанија „Регенерон“, вметнува активна копија од генот во увото.

    Во овој случај, детето примило инфузија која содржи активен ген на десното уво за време на операција во септември лани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img