More

    Принцезата Шарлот го слави осмиот роденден

    spot_img

    Пред осум години, сите погледи во Велика Британија беа вперени во болницата „Св. Мери“, каде принцезата Кејт Милдтон го родила своето второ дете. Британските медиуми, но и останатите светски медиуми, трпеливо ја чекаа објавата за раѓањето на второто дете на принцот Вилијам. Кога беше објавено дека се родило девојче, настанала еуфорија.

    Принцезата Шарлот Елизабет Дијана е родена во утринските часови, а само неколку часа по породувањето, принцезата Кејт со бебето во раце излезе пред фотографите.

    Бебето влезе во историјата по раѓањето. Имено, таа е првата британска принцеза родена по укинувањето на машката првородност во кралското семејство во 2013 година. Тоа значи дека линијата на Шарлот за британската круна не може да биде загрозена од помлад брат. Да беше родена како прво дете на принцот Вилијам, таа ќе беше идната британска кралица без оглед на нејзините помали браќа и сестри.

    По повод осмиот роденден на принцезата, кралското семејство објави нов нејзин портрет. Шарлот е трета во низата за британската круна, по таткото Вилијам и постариот брат Џорџ.

    Принцот и принцезата од Велс не можат да бидат погорди отколку што се на трите деца што ги добија во текот на 12-те години брак. Секој нивни роденден посебно се одбележува, а снимените портрети по тој повод, потоа се споделуваат со обожавателите на британското кралско семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img