More

    Кога имаш вртоглава инфлација, блокчејнот е далеку посигурен од банките

    spot_img

    Турција засега е најголемото собиралиште на криптовалути во светот со 27,1 отсто од сите поседи, а по неа е Аргентина, со 23,5 отсто. Кој би рекол дека половина од целото светско крипто-богатство завршува во две земји чија економија е проблематична и во пад? Според анализата на Хина, токму огромната инфлација во овие две земји ги принудила граѓаните да ги чуваат своите девизи во дигитална форма.

    Турција ги изненадува и економските аналитичари. Според истражувачката фирма GWI глобалната стапка на сопственост би требала да биде далеку помала, односно 11,9 отсто.

    Нестабилните криптовалути стануваат, по сè изгледа, сигурни засолништа за капиталот во некои делови од светот, како што се Аргентина и Турција, каде високата инфлација и падот на локалните валути ги принудија граѓаните да бараат спас во дигиталните пари, наведува Хина.

    Кога паѓаат лирата и пезосот, расте инфлацијата

    Колкава инфлација имаат овие две земји што граѓаните се чувствуваат побезедни ако чуваат пари во крипто? Годишната стапка на инфлација во Турција во март достигна 50,51 отсто, а во Аргентина дури 104 отсто. Во превод, тоа се до 100 отсто повисоки цени.

    Турската лира и аргентинскиот пезос вртоглаво паѓаат и се на рекордно ниско ниво. На црниот пазар, на пример, треба да се издвојат околу 464 пезоси за американски долар, што е повеќе од двојно од официјалниот девизен курс од 222 пезоси за долар.

    Лира за злато или за долар, битно е да функционира

    Но, најголем дел од поседите на крипто во Турција и Аргентина не се од биткоин. Голем дел од купувањето на таканаречените безбедни засолништа се криптовалутите како USD Coin (USDC) и Tether (USDT), кои се крипто токени поврзани еден-на-еден со традиционалните средства како американскиот долар или златото, што им овозможува на инвеститорите алтернатива кога нема доволно долари.

    – Без разлика дали се работи за инвеститори на мало или институционални инвеститори, луѓето размислуваат како да се заштитиме од падот на вредноста на валутата – вели Ехаб Заглул, главен истражувач во Tribal Credit, платформа за дигитални плаќања за стартапи на пазарите во развој.

    – Тие потенцијално сакаат да држат дополнителни средства врзани за посилна валута, така што нешто како USDC или USDT или што било поврзано со посилна валута како американскиот долар – додаде тој.

    Кајшто државата ќе постави рампа, таму ќе никне криптото

    Обемот на тргување со парот USDT -турска лира достигна повеќемесечен максимум минатата недела, поттикнат од слабеењето на турската валута и претстојните клучни претседателски и парламентарни избори, вели аналитичарката на Kaiko, Десислава Оберт.

    – Генерално, постои поголема тенденција да се прифаќаат криптовалути во земји со капитални ограничувања и финансиска и политичка нестабилност – велат аналитичарите од истражувачката компанија K33 Research.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img