More

    Германските власти ја подаруваат викендицата на познатиот нацист Јозеф Гебелс откако тој со децении неуспешно се обидуваше да ја продаде

    spot_img

    Германските власти ја подаруваат викендицата на познатиот нацист Јозеф Гебелс откако тој со децении неуспешно се обидуваше да ја продаде, пишува Еј-Би-Си њуз.

    Берлинскиот сенатор за финансии, Штефан Еверс, во четвртокот објави дека е подготвен да го даде трошниот имот на секој што сака да го земе.

    Вилата од 17 хектари со години им прави проблеми поради астрономските трошоци за одржување, но и мрачното минато кое го прогонува овој имот.

    – Ја нудам вилата на тој што сака да ја земе, како подарок од Берлин – рече Еверс минатата недела во Берлинската комора на пратеници.

    Гебелс, член на блискиот круг на Хитлер, ја изградил куќата во 1936 година и ја користел за дружење со различни актерки. По падот на нацистичкиот режим, накратко се користела како воена болница пред да премине во рацете на Советите кои ја претвориле во младински камп.

    Почнувајќи од 2000 година, имотот, на околу 17 километри северно од Берлин, бил ненаселен, а вилата, опкружена со густа шума зад езерото Богензе, пропаднала. Многу прозорци се искршени, а недостасуваат и делови од фасадата.

    Еверс побара предлози кои ќе го оправдаат историското значење на локацијата, како преземање од страна на федералната влада или од соседната држава Бранденберг каде што се наоѓа. Друга можност би била нов приватен сопственик, можеби со намера да го претвори просторот во музеј. Сенаторот предупреди дека ако не се појават нови сопственици, „како што беше случај во изминатите децении“, тогаш нема да има друга опција освен да се изврши уривање.

    Областа Бранденберг досега не сакаше да го преземе земјиштето бидејќи трошоците за реконструкција би изнесувале 350 милиони евра. Останува поевтината опција, да се урне целиот имот што би чинело 50 милиони евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img