More

    Прeмиерката Трас се извини, но не планира да даде оставка

    spot_img

    Премиерката на Велика Британија, Лиз Трас се извини за „грешките” во својата програма поради што спласна довербата на инвеститорите и нејзиниот рејтинг падна, но, истакна оти нема да отстапи од должноста.

    – Сакам да ја прифатам одговорноста и да се извинам за сторените грешки – нагласи таа за Би-би-си.

    Таа сакала да дејствува, како и да „им помогне на луѓето со нивните сметки за енергија да се справат со проблемот со високите даноци“, но, „отидовме предалеку и пребрзо“.

    Трас подвлече дека останува затоа што е избрана да работи за земјата.

    – И тоа е она што одлучна сум да го направам – додаде британската премиерка.

    Министерот за финансии Џереми Хант, именуван во петокот откако Трас го разреши нејзиниот близок сојузник Кваси Квартенг, ги отфрли останатите главни елементи од нејзината програма. Меѓу нив е и намалувањето на нејзината опсежна енергетска поддршка.

    Во петокот разрешениот британски министер за финансии Кваси Квартенг, кој се смета за автор на контроверзниот план за спас на економијата на Обединетото Кралство, верува дека премиерката Лиз Трас ќе биде сменета од нејзината функција за неколку седмици, речиси два месеца од добивањето на мандатот, пишува The Times.

    Квартенг беше именуван за министер за финансии на почетокот од септември, откако Трас победи за изборот на нов челник на владејачката Конзервативна партија, следствено и за нов шеф на британската влада. Две ипол седмици подоцна министерот во парламентот го претстави планот за поддршка на економијата, кој предвидуваше големи даночни намалувања, особено кај оние со најголеми приходи. Тоа предизвика превирања на пазарите, а владата на Трас се соочи со бројни критики поради стравувањата дела таквата политика ќе доведе до зголемување на јавниот долг.

    По објавувањето на планот на Квартенг, приносите на петгодишните државни обврзници на Велика Британија се искачија на нивото од 2008 година на 4,6 отсто, што значи намалување на нивната побарувачка. Фунтата притоа остро падна и го достигна историски најниското ниво од 1,054 долари за фунта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img