More

    Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога

    spot_img

    Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата, откако таа беше видена како танцува, пее и пие на забава.

    Триесет и шестгодишната Марин во петокот се согласи да направи тест по реакциите околу нејзиното однесување.

    Таа рече дека никогаш не зела дрога и негира дека правела нешто нелегално на забавата. Марин кажа дека пиела алкохол.

    На интернет се појави видео како таа се забавува со пријатели, вклучувајќи и финска поп ѕвезда, па доби критики од политичари, како и барање да направи тест за дрога.

    Премиерката самата си ги платила трошоците за тестот.

    Претходно месецов, Марин беше прогласена за „најкул премиер во светот“ од германскиот весник Билд.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img